Обвинителството во Јужниот округ во Њујорк во средата го покажа обвинението против тројца создавачи на вирусот Gozy, меѓу кои се наоѓа и русинот Никита Кузмин. Со овој вирус, тројцата создавачи украле десетици милиони долари од банкарските сметки.
Уапсениот Кузмин, во 2011 во САД ја призна својата вина и потпиша согласност за соработка во истрагата. Максималната казна која може да ја добие граѓанинот на Русија изнесува 95 години. Кузмин има само 25 години.
Со вирусот Gozy, обвинетите добиле пристап до банкарски информации по целиот свет, вклучувајќи ги и САД, крадејќи пари од сметките на физички и правни лица. Тие заразиле со вирусот повеќе од 40.000 компјутери, вклучувајќи и 160 компјутери на НАСА.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче