Путин нареди да се формира државен систем за борба со компјутерскиот криминал

Засилување на борбата против компјутерскиот криминал.

Претседателот Путин и наложи на Федералната служба за безбедност да изгради државен систем за откривање, отстранување и спречување на компјутерски напади на информациските ресурси на РФ. Овој указ е потпишан на 15 јануари, и стапи на сила истиот ден.

ФСБ доби наредба да разработи методика за откривање на компјутерски напади и да го дефинира начинот на размена на информации за оваа тема меѓу федералните органи на власта. Овој систем, исто така, ќе биде задолжен и за откривање на причината на компјутерските инциденти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња