Думата прифати закон регулирање на изборите на губернатори

Думата на Руската Федерација во првото читање прифати закон кој им дава на регионите право да се откажат од спроведувањето на директни губернаторски избори.

Думата на Руската Федерација во првото читање прифати закон кој им дава на регионите право да се откажат од спроведувањето на директни губернаторски избори. За ова се соопштува на интернет-страницата на Думата.

Според предложените поправки, право за избор на губернатори ќе добијат регионалните парламенти. Прифаќајќи го документот во првото читање, Думата планира да внесе во него поправки во текот на овој месец.

На кој начин имено ќе се решава во регионот прашањето за спроведување на губернаторски избори – директно, или преку парламентот – во законскиот проект не се уточнува. „Најголемата промена ќе биде во тоа што регионите ќе можат самите да го определат начинот на избор на губернатори, тргнувајќи од својата сопствена специфика. А која шема ќе се покаже за најполезна, само времето ќе покаже“, изјави еден од авторите на проектот, Михаил Старшинов.

Законскиот проект е критикуван од опозицијата, посебно од Дмитриј Гудков. Тој оваа иницијатива ја оценува како фактичко укинување на губернаторските избори во регионите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња