Четири станици на московското метро влегоа меѓу најдобрите 22 станици во Европа

Бадијала не се кажува дека московското метро е едно од најубавите во светот.

Московското метро го потврди статусот на најубаво метро во Европа. Од 22 најубави станици, според верзијата на британското издание The Daily Telegraph, четири се наоѓаат во Москва. Станицата „Комсомолскаја“ се најде на второто место на рејтингот, а станицата „Мајаковскаја“ ја зазеде осмата позиција. На 20 и 21 место се најдоа станиците „Славјански булевар“ и „Киевскаја“.

Освен московските станици, Русија во рејтингот ја претставува и метро станицата во Санкт Петербург - „Автово“, која се најде на 10-то место.

Првото место го зазеде станицата „Толедо“ во Неапол. Таа е отворена пред само неколку месеци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња