Волонтерите бесплатно прават преводи на документи од руски на било кој друг странски јазик и обратно за децата и возрасните на кои им е потребно лекување во странство. А, како што е познато, такви документи има многу - безбројни потврди, историја на болеста...
Секако, обично ваквите преводи се прават за пари. Цената за превод на медицинските документи во различни бироа во Москва изнесуваат од 600 до 1800 денари за стандардна страница. Цената зависи и од тоа колку јазикот е редок, односно, најевтини преводи се прават за 700-800 денари на англиски јазик. Обично фирмите определуваат минимална сума за работата.
За разлика од своите колеги, „Волонтерите за Превод“ сѐ прават бесплатно. Како што е познато, за да се носи човек на лечење во странство, треба да се преведуваат огромен број документи. Притоа, тешко е да се добие точна информација кои имено документи се потребни, треба да се преведува буквално сѐ што е достапно и да се праќаат купишта хартии во странство. Во заедницата за преводи често има и по 15 и повеќе документи за еден човек. Преводот на толкав број документи во комерцијално биро би чинело навистина многу.
Интересно е тоа што има преведувачи кои соработуваат со заедницата на волонтери, а се наоѓаат насекаде во светот. Тие работат „на далечина“. Во заедницата има и студенти (чии преводи се прегледуваат), има и доктори кои можат да го погледнат текстот. Тие истапуваат во улога на експерти и покрај тоа што не ги знаат странските јазици, можат да ја разберат суштината на проблемот и да проверат дали одговара преведениот текст со медицинската реалност.
„Сите преводи се објавуваат на Интернет, на нашата интернет-страница: тоа ни дозволува да го контролираме квалитетот на работата, кажува Анастасија Карамзина. Секако, треба да се има предвид дека тоа е волонтерство, за тоа се предупредени фондовите за благотворна дејност кои со нас соработуваат. Сепак, генерално земено, сѐ се прави на соодветно ниво. Ако специјалистите имаат некакви забелешки или коментари, тие се земаат предвид. Но тоа ретко се случува. Сега во заедницата имаме 150 волонтери кои се наоѓаат низ целиот свет. Сите тие проекти ги водат менаџери (тоа го прават сосема бесплатно)“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче