Во акваториите на Црното и Средоземното море продолжуваат започнатите воени вежби, најголеми за последниве децении на флотите на Морнарицата. Засега во вежбите учествуваат 20 воени бродови. Ова го соопштија на прес-службата на Министерството за одбрана на Руската Федерација.
„Основна задача на овие вежби е проверката на готовноста на органите на воената управа и флотите за групирање на силите и исполнување на задачите во пооддалечени зони“, забележаа во Министерството за одбрана.
„Во следните неколку дена ќе се извршат вежби за одбрана од диверзанти и терористи, како и морски пирати“, појаснија во претставници од Министерството.
За време на вежбите ќе се вклучат и воени авиони, при што ќе се посвети внимание на прашањата за комуникацијата меѓу групите бродови и воената авијација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче