Во Думата вчера е внесен предлог-закон за проверка за употреба на дрога од страна на државните службеници - како на федерално ниво, така и на пониски, регионални нивоа. Автор на овој проект е депутатот Олег Нилов.
Тој предлага да се надополни членот за „основните обврски“ во законот за државна служба со барањето „да се извршуваат плански и неплански медицински прегледи, со цел да се открие незаконско / немедицинско користење на наркотични средства и психотропни супстанции“. Оваа проверка, според предлогот на депутатот, ќе треба да се изврши и при самото вработување.
„Државните службеници, како претставници на државата и нејзините органи, треба да бидат морален и етички пример за младото поколение“, пишува Нилов во објаснувањето за овој предлог-закон. „Младата генерација - е иднината на државата, таа учи имено од тие граѓани кои сега се наоѓаат на чело на државата, како и од оние кои заземаат пониски должности. Имено затоа лицата кои употребуваат наркотици треба да им се забрани влезот во државните структури“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче