Владимир Жириновски ќе го „чисти“ рускиот јазик од „американизми“

Либерално-демократската партија со нов предлог за намалување на уптребата на странски зборови во рускиот јазик.

Либерално-демократската партија на Русија планира да внесе во Думата предлог-закон, според кој ќе се забрани користењето на зборови од туѓо потекло во рускиот говор. Овој план е објавен на интернет-страницата на партијата. Како што изјави лидерот на ЛДПР, Владимир Жириновски: „Ми се смачија тие американизми. Ќе предложиме закон и ќе дадеме список на зборови кои нема да може да се употребуваат, особено кога за нив има соодветен руски аналог. Ќе се бориме овој закон да биде прифатен“.

Разработката на документот ќе биде спроведена од лингвисти. Како што подвлече Жириновски, рускиот јазик треба да се исчисти „од ѓубрето“. Како пример тој го наведе зборот „дилер“, кој лесно може да се замени со „посредник“. „И вакви зборови има многу“, заклучи Жириновски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња