Тјумен е прогласен за најдобар град за живот во Русија

Тјумен е најдобар руски град за живот.

Тјумен е најдобар руски град за живот. Ова го заклучија специјалистите на Центарот за стратешки истражувања на компанијата за осигурување Росгосстрах, после анкетата во декември 2012 на повеќе од 11.000 луѓе од 36 градови во Русија.

Целосно или делумно се задоволни од својот живот 83% од жителите во државата. Притоа, најудобен град за живот излезе дека е Тјумен - животот таму е пријатен за 96% од испитаниците. Задоволни од својот живот се и 93% од жителите на Пенза, 92% од жителите на Набережни Челни, 91% - Томск, 90% - Кемерово.

Москва се најде во тројката најмалку удобни градови - во рускиот главен град се задоволни од условите за живот само 67% од анкетираните. Најмал број задоволни има во Курган (57%) и Новокузнецк (56%).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња