Светска Банка: Русија ја подобри инвестициската клима, но може и подобро

Русија постигна одредени успеси во подобрувањето на својата инвестициска клима.

Русија постигна одредени успеси во подобрувањето на својата инвестициска клима, покачувајќи го својот рејтинг во Светската банка „Doing Business“, и може да се здобие со поголем успех при реализација на одредени политики, изјави директорот на одделот за глобални индикатори и аналитика на Светската банка, Аугусто Лопес-Кларос.

Светската банка, според неговите зборови, ги цени заложбите на Русија за засилување на инвестициската клима. Кларос напомна дека руската влада има амбициозна цел да го подобри своето котирање во меѓународниот рејтинг до 20-то место, иако денеска се наоѓа во ниските делови на списокот.

Во рејтингот Doing Business 2013, Русија ја подобри својата позиција, качувајќи се на 112-то место од 120-то, на кое се наоѓаше порано.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња