Цената за поседување автомобил во Русија е суштествено поголема, отколку во развиените држави. Тоа го кочи равојот на рускиот автопазар, изјави партнерот на PwC, Стенли Рут. Тоа се објаснува со каматните стапки на кредитите, осигурувањата и користењето, кажува менаџерот во компанијата, Сергеј Литвиненко.
Цената на автомобилите во апсолутни цифри дури е поголема во Русија, отколку во САД и Велика Британија. Но ако се спореди овој показател со нивото на доходи на населението, разликата ќе биде многу голема, кажува Литвиненко. За да се намали цената за поседување автомобил, граѓаните на Русија се откажуваат од каското, ги сервисираат автомобилите кај неофицијални дилери, полнат помалку квалитетно гориво. Сето тоа негативно влијае на квалитетот на паркот на возила и безбедноста.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче