Русите можат да го освојат целото злато на Европскиот шампионат во уметничко лизгање

Денеска во Загреб, Хрватрска, започнуваат првите натпревари на Европскиот шампионат во уметничко лизгање.

Денеска во Загреб, Хрватска, започнуваат првите натпревари на Европскиот шампионат по уметничко лизгање. Во последниве години руските лизгачи не ги израдуваа навивачите со победи, како што тоа се случуваше пред 6-7 години. Сепак, сега во руската екипа има доволно познати имиња, со што руските лизгачи можат да се борат за златните медали во сите четири вида натпреварување.

Безусловно, најголем интерес во Русија има за машкото натпреварување, каде за злато ќе се натпреварува  Евгениј Плушченко, кој се припрема за своето четврто учество на Олимписките игри. Евгениј Плушченко замина во Хрватска како моментален европски и руски шампион, а исто така како главен фаворит во натпреварувањето. Притоа, неговиот главен тренер, Алексеј Мишин, забележа дека сега не треба да се очекуваат од Евгениј неверојатни резултати.

„На шампионатот Евгениј нема да биде таков, каков што ќе биде за една година на Олимпијадата, изјави за „Известија“ Мишин. Во моментов се занимаваме со доработка на програмата, а за Игрите во Сочи ќе бидат земени предвид сите евентуални неуспеси оваа година.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња