Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, денес и утре ќе земе учество во работата на Светскиот економски форум во Давос, каде ќе настапи на сесијата на форумот „Сценарија за Руската Федерација“ и на панел-дискусијата на Г-20, соопштено е во прес-службата на владата на Русија.
Премиерот ќе се сретне во Давос со претставници од Меѓународниот совет на претприемачи / 100 раководители на водечките светски компании и Меѓународниот медиасовет / раководители и главни уредници на 100-те најголеми светски медиуми.
Меѓу учесниците на форумот ќе се најдат и вице-премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович, минситерот Михаил Абизов, претставник на претседателот на Русија за Г-20, Ксенија Јудаева, раководители од министерствата, раководители на регионите, претставници на руската бизнис-заедница.
Светскиот економски форум е невладина организација, создадена во 1971 година во Женева. Членови на форумот се неколку илјади големи компании и организации од повеќе од 50 држави. Меѓу повеќето цели на организацијата влегува и давањето помош во решавање на прашањата околу социјално-економскиот развиток, раширување на меѓународната трговско-економска соработка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче