Најстарата железничка станица во Москва ќе стане современа

Во првата половина на 2013 година ќе заврши реконструкцијата на Ленинградската железничка станица во Москва.

Во првата половина на 2013 година ќе заврши реконструкцијата на Ленинградската железничка станица во Москва. Во зградата не само што је го обноват историскиот ентериер, но и ќе го модернизираат системот за опслужување на патниците, ќе се отвори ресторан, ќе се отворат бутици.

Лениградската железничка станица во Москва е изградена во 1849 година, но тогаш била наречена „Николаевска“, по името на тогашниот цар Николај Први. Во 1923 година оваа железничка станица е преименувана во Октомвриска, во чест на револуцијата во октомври 1917 година. Дури во 1937 година станицата го доби името кое го носи и денеска „Ленинградска железничка станица“. Одовде тргнуваат возовите кон Санкт Петербург (кој во советско време се нарекувал Ленинград), Велики Новгород, Хелсинки, Талин.

За време на своето постоење, железничката станица само еднаш е модернизирана - во 1934 година. Сегашната реконструкција ќе се одвива пред се во историското здание. Ќе се востанови и првоначалниот лик на местата за одмор на царот, во кои оделе членовите на императорското семејство. Интериерот на тие соби бил уништен за време на претходната реконструкција во советско време.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња