Русија може да стане центар на бизнис-образованието во Источна Европа. Ова мислење беше кажано на состанокот со тема „Моделот на управување со државите БРИКС и предизвикот за подготовка на мултифункционални менаџери“ на Гајдаровскиот економски форум во Москва.
Нивото на бизнис-образование во државите БРИКС за 12 години порасна за неколку пати. Ако во 2000 година овие држави имаа само 8% од сите положени испити GMAT, веќе во 2012 година тој број се зголеми на 33%. Основна улога во овој раст имаат Кина и Индија - 95% од GMAT во БРИКС. Притоа, според оценката на шефот на најголемата во светот асоцијација за бизнис-образование AMBA Internation, Пол Џаџ, најголема побарувачка во земјите во развој има не MBA, туку поконкретни програми: претприемништво, семеен бизнис, диверзификација на конгломератите, државните корпорации, маркетинг во државите со брз раст на економијата.
Впрочем, нови модели на образование се потребни и на развиените држави, ијави претседателот на меѓународната компанија за консалтинг The Adizes Institute, Ицках Калдерон Адизес. „Му треба ли на светот, државите БРИКС - нов модел на деловно образование? Треба ли измислуваме тркало? Да, ако старото тркало е скршено.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче