Министерство за труд на Русија: До 2015 бројот на граѓани вклучени во економијата ќе се намали за 400.000

Министерството за труд и социјална заштита подготви прогноза за балансот на трудовите ресурси во државата од 2013 до 2015 година.

Министерството за труд и социјална заштита подготви прогноза за балансот на трудовите ресурси во државата од 2013 до 2015 година.

„Показателите за невработеноста се наоѓаат на минимално ниво откако се прави статистиката, раскажа заменикот на министерот, Татјана Блинова. Нивото на невработеноста во октомври 2012 година изнесувало 5,3% од процентот на економски активното население“.

Од 2013 до 2015 година, поради намалувањето на бројот на работоспособната возраст, се прогнозира намалување на бројот на трудови ресурси за околу 1 милион годишно, што ќе доведе до намалување на бројот на луѓе кои се вклучени активно во економијата. Притоа, негативните демографски тенденции ќе бидат олеснети преку раст на бројот на работници кои се постари од пензиската возраст, нивниот процент ќе порасне од 9,6% во 2011 до 10,5% во 2015 година, а ќе порасне и бројот на емигранти од странство од 2,1% на 2,9%. Како резултат, бројот на граѓани кои се активно вклучени во економијата ќе се намали во 2013 за 200.000, во 2014 – за 300.000, а во 2015 година – за 400.000 луѓе.

На фонот на растот на економијата се очекува намалување на невработеноста во 2015 на 1.180.000 граѓани, односно околу 2%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња