Касперски: За десет години компјутерските вируси можат да направат физичка штета

Компјутерските вируси за 10 години ќе можат да нанесат физички оштетувања на апаратите и инфраструктурата.

Компјутерските вируси за 10 години ќе можат да нанесат физички оштетувања на апаратите и инфраструктурата. Ова го изјави познатиот руски програмер, специјалист за проблеми со компјутерската безбедност, Евгениј Касперски.

„Интернет технологиите се развиваат со неверојатни темпа“, изјави денеска во Минхен за време на конференцијата за иновации DLD13. „За жал, киберопасностите се развиваа со истата брзина“, констатираше Евгениј Касперски.

„Што се однесува до штетните можности, тие ќе бидат достапни за сите: за државите, организациите, а исто и за затворениците и терористите, предупредува Касперски. На пример, во САД затворите се поврзани на Интернет. На тој начин, сосема е лесно затворениците да ги отклучуваат затворските врати со помош на ’паметните телефони’“.

Финскиот експерт Мико Хипонена, пак, изрази сомнеж дека „во иднина војните ќе се водат преку компјутери“. „Потенцијалот за штетните програми е неверојатно голем и може да се спореди со моќта на традиционалното оружје“.

„Кибервојната може да биде насочена и против инфраструктурата“, укажа финскиот специјалист. Од негова гледна точка, „сосема е реална можноста за нанесување штета на електроцентралите или индустриските апарати, притоа, станува збор за штета со непредвидливи последици“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња