Извозот на руската нафта во Кина до 2020 година може да се зголеми за 2,5 пати – од денешните 20 милиони на 50 милиони тони годишно.
„Во минатата година Руската Федерација експортирала 20 милиони тони нафта, што изнесува 7,4% од вкупната количина нафта која ја купува Кина“, соопшти експерт од Централниот финансиски универзитет, Тун Веј.
Како што забележа експертот, соработката меѓу двете држави во енергетската сфера активно се развива. „Сега во Тјанцин (Северна Кина) се гради заеднички капацитет за преработка на нафта. После неговото активирање, извозот на руските енергенси во Кина ќе се зголеми за плус 13 милиони тони годишно“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче