Ерупција на три вулкани на Камчатка во исто време

Геофизичката активност на Камчатка се зголемува.

Шилевуч, Кизимен и Плоски Толбачик се трите вулкани кои се активираа во исто време на овој полуостров на Далечниот Исток во Русија. Веднаш во областа се воведе портокалово ниво за опасност на авијацијата. Вулканот Шивелуч испушти пепел на височина од 5 километри, а столбот на Кизимен достигна 4 километри.

Локалниот геофизички институт пред неколку месеци забележа зголемување на сеизмолошката активност во регионот. На почетокот на јануари потресите се зголемиле за 3 пати. Плоски Толбачик се активира после 36 години неактивност. Се проценува дека активноста на овој вулкан ќе продолжи во следниве 4 месеци. Максималната должина на потокот лава изнесува 18 километри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња