На 22 јануари 1889 година се родил Сергеј Михајлович Ејзенштајн, еден од најдобрите филмски режисери во светот, сценарист и филмски теоретичар. Ејзенштајн бил дел од „левите“ претставници во уметноста на почетокот на 20 век, заедно со Мајаковски, Мејерхолд и други.
Неговиот прв филм е „Штрајк“ од 1924 година. Во 1925 година Ејзенштајн го претстави „Крстосувачот Потемкин“, кој само за една година триумфално се нашол во кино-салите во светот, со што станал филмска класика. Режисерот создал теорија за „интелектуалното кино“, според која гледачот со помош на филмот можел да добие не само графички, но и научни поими. Тој исто така ја предвидел појавата на звукот во филмовите.
Го режирал филмот „Алекасндар Невски“, кој бил удостоен со низа награди, а во 1944 година го снимил филмот „Иван Грозни“, чија прва серија била удостоен со Сталинската премија, додека втората серија била забранета од властите, и е објавена дури во 1958 година.
Во своите први филмови не користел професионални актери. Се занимавал со прашањата на класните конфликти во кои актерите имале стереотипни улоги. Ејзенштајн ги сакал идеите на комунизмот, чие значење во времето на Сталин прекрасно ги преточил преку филмот како пропагандно оружје. Популарноста и значењето на Сергеј Ејзенштајн растеле и паѓале соодветно успехот на неговите филмови.
Сергеј Ејзенштајн умира од срцев удар во 1948 година во Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче