Во „списокот Лавров“ вклучени се 71 американец

Во него нема политичари од рангот на Кондолиза Рајс и Дик Чејни, кои МНР на Русија ги смета за одговорни за Гвантанамо.

МВР на Русија го прошири од 11 на 71 лице списокот на граѓани на кои им е забранет влезот во Русија, составен како одговор на законот „Магнитски“, соопшти за Интерфакс во петокот претседателот на комитетот на Думата за меѓународни прашања, Алексеј Пушков.

Списокот на граѓани на кои им е забранет влезот во Русија го составува Министерството за надворешни работи на Русија. Во него можат да се најдат било кои американци кои ги нарушуваат правата на човекот, кажува заменикот-претседател на комитетот на Думата за меѓународни прашања, Вјачеслав Никонов.

За вклучувањето во списокот на сенаторите, а исто така и на Кондолиза Рајс или Дик Чејни, Никонов „не слушнал“. Чејни и Рајс, логично, не треба да влезат во списокот, бидејќи со тоа сериозно би се нарушиле дипломатските односи меѓу двете држави, смета заменикот-претседател на комитетот, Леонид Калашников. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.