Сергеј Лавров стана највисокиот претставник на државниот врв од Москва кој го посетил Мјанмар (поранешна Бурма) од 1971 година, кога во државата дошол во официјална посета претседателот на Врховниот совет на СССР, Николај Подгорниј. Впрочем, до 2010 година ретко кој во оваа држава доаѓал. Причината е очигледна - таму владее хунта. Земјата има политички нестабилна историја. Кога во 1990 година на изборите во Мјанмар победи Националната лига за демократија, војската не ги признала резултатите и го затвориле лидерот на партијата Ау Сан Су Чи во домашен притвор. Опозиционерката добила Нобелова награда за мир, а од властите на Мјанмар - жестоки санкции. Промените започнале во 2010 година, кога властите во државата објавиле дека ќе почнат со изградба на „дисциплинирана демократија“. Во Мјанмар се одржаа избори, формирана е граѓанска влада, која се состои, меѓу другото, речиси целосно од поранешни офицери. Како одговор на ова - Западот ги намали санкциите кон Мјанмар.
Сега Мјанмар станува место каде се натпреваруваат интересите на Кина, САД и Русија. Иако државата е една од најсиромашните во регионот, како и најкорумпирана, таа има огромни природни ресурси (гас, нафта, дрво, драгоцени камења). Освен тоа, таа зазема стратешка позиција меѓу Кина и Индија, а има и евтина работна сила. Не е за изненадување фактот дека Барак Обама го посети Мјанмар веднаш после повторниот избор.
Претседателот на Русија, засега не планира да оди во Мјанмар. Впрочем, како што соопштува за „Комерсант“ извор од руската делегација, уште оваа година Русија може да ја посети претседателот на Мјанмар, Тејн Сејн. Подготовката за посетата беше една од темите за кои разговарал Сергеј Лавров.
Министерот призна дека соработката меѓу двете држави има „добри перспективи“ и дека потенцијалот за соработка не е целосно искористен. За периодот од јануари до октомври 2012 година, стопанската размена меѓу Русија и Мјанмар изнесувала скромни 146 милиони долари, додека стопанската размена меѓу Кина и Мјанмар изнесува 4 милијарди долари годишно.
Руската Федерација се надева дека ќе го зголеми своето присуство во Мјанмар. Двете страни се договорија да го забрзаат склучувањето на договорот за мотивирање и заштита на инвестициите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче