Нова верзија на Руска реч на македонски за мобилни уреди

Почитувани читатели, радост ни е да ви соопштиме дека е пуштена нова, мобилна верзија на интернет-страницата на Руска реч на македонски: http://m.ruskarec.mk/

Russia Beyond the Headline е интернационално признат проект посветен на Русија, кој денес пушта во употреба мобилни верзии на 6 од своите интернет-страници: Russia Oggi (Италија), La Russie d’Aujourd’hui (Франција), Russland Heute (Германија), Руска реч (Македонија), Gazeta Russa (Бразил) and RBTH Asia (Азија).

Интернет-страницата автоматски ќе се префрли на мобилната верзија кога ќе биде пристапено од мобилен уред. Со нов дизајн со навигациски панел во боја, новите сајтови ќе им дадат на корисниците ново искуство во со содржините кои се објавуваат на RBTH, правејќи ги достапни за читателите кои користат iPhone и Андроид. 

Корисниците брзо можат да се префрлаат од една рубрика во друга без да се трудат да ги бараат соодветните места за промена на содржините во телефонот. Поле за пребарување ќе овозможи да се бара низ целата RBTH архива и да се врати корисникот назад со иконата која ќе биде лесно достапна. 

Во текот на следните две недели мобилните интернет-страници за другите земји ќе мигрираат на новиот дизајн, обезбедувајќи подобро искуство за читателите на RBTH од целиот свет.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња