Документот за прифаќање на системот ГЛОНАСС и негова употреба е усогласен од сите заинтересирани страни, вклучувајќи го и Министерството за одбрана. Ова го соопшти за „Известија“ заменикот на генералниот директор на ЦНИИМАШ, Сергеј Ревнивих. Според неговите зборови, веќе се регулирани сите технички прашања, освен едно – за барањата околу системот за мерење и пренос на информација.
- Ова е нов, уникатен систем, кој нема други слични во светот, моментално не е на сите апарати, но на поголемиот дел од нив, кажува Ревнивих. Во однос на овој систем претстои уште малку папирологија – оформување и согласување на актот за активирање на системот соодветно протоколите на веќе завршените испитувања.
Употребата на системот ГЛОНАСС требаше да започне до 31 декември 2012 година. После ова, тој требаше да премине во рацете на Воздушно-космичката одбрана на Руската Федерација.
Од 1 јануари овој систем стана задолжителен за целиот патнички и карго транспорт. Планирано е да се употребува за документирање на тоа колку совесно ја извршуваат својата работа возачите во јавниот превоз, дали камионите на комуналните служби го носат ѓубрето на одредените места и сл.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче