Леќи кои лекуваат

Нов изум на руските научници.

Во Русија завршија токсиколошките испитувања на леќите кои ќе служат за лекување хемиски изгореници на окото или физичка повреда. Ова е соопштено на прес-конференцијата на Кемеровскиот државен универзитет.

Создадени се чудо-леќи кои ќе помогнат да се намалат последиците од повреди. Уникатноста на овој изум е во тоа што овие леќи ќе можат да се употребат уште до самата хоспитализација на човекот кој има повреда на окото, т.е. уште додека не отишол во болница. „Составот на леќата активно ги неутрализира штетните состојки на местото на повредата“, се кажува во соопштението.

За леќата веќе има создадено патент, а понатаму следуваат испитувањата во други институции и нивоа. Кога сето тоа ќе заврши, како што се убедени создавачите, се планира организирање и започнување на сериско производство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња