Услов за давање на Кипар помош од ЕУ е отпишувањето од страна на Русија на дел од кредитот од 2,5 милијарди евра со 4,5% годишна камата, пренесува Bloomberg, надоврзувајќи се на германскиот весник Welt am Sonntag. Според зборовите на изворот на весникот, во владата на Германија сакаат да го истражат перењето пари преку кипарските банки пред да донесат решение за давање помош на државата. „Јас немам таква информација“, рече во неделата претседателот на Кипар, Деметрис Кристофиас.
Кипар официјално побара од Русија повеќе време за враќање на кредитот, т.е. одолговлекување до 2021 година, а исто така побара и нов кредит од 5 милијарди евра. Првиот вице-премиер, Игор Шувалов, изјави дека владата не е подготвена да го отпише долгот, а самиот тој е против нови кредити. Претходно можноста за давање повеќе време на Кипар за враќање на долгот ја опсуди рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.
Помошта на ЕУ и ММФ е „единствен начин“ да се спаси Кипар, кој е многу блиску до банкрот, предупреди кипарското министерство за финансии. Според неговите оценки, долгот на државата ќе достигне 150% од БДП во 2014 година, а Credit Suisse очекува годинава падот на кипарската економија да изнесува 3% (во 2012 година падот беше 2,4%).
Според оценката на Credit Suisse, до 2016 година на Кипар ќе му требаат 10 милијарди евра (56% од БДП) за рекапитализација на банките и уште 6,5 милијарди, доколку Русија се согласи да го преструктурира кредитот. До јуни Кипар може сам да го сервисира долгот, но потоа ќе настапи дефолт, бидејќи Кипар треба да отплати 1,4 милијарди евра од својот долг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче