Зголемувањето на глобалната конкурентност на руската економија бара решавање на редица неекономски задачи, поврзани, пред сѐ, со развитокот на интелектуалниот потенцијал на државата, отстранување на корупцијата и проблемите во судскиот систем, смета претседателот на „Роснано“, Анатолиј Чубајс. Настапувајќи на Гајдаровскиот форум, тој забележа дека иако макроекономските параметри во Русија се позитивни, „постојат фактори кои ја прават сликата не толку убава“.
„Што според мене е важно (во споредба со макроекономските параметри) – одлив на мозоци, одлив на конкуренција. Тоа е фундаментален показател за тоа дека сме од нешто болни, дека нешто не е правилно“, рече Чубајс.
Според неговите зборови, постојат очигледни противречија во позитивната ситуација во макроекономијата и ситуацијата вон неа.
Шефот на „Роснано“ појасни дека за создавање на иновациска економика во Русија, од која ќе зависи судбината на целата држава, треба да се потпреме на развитокот на интелектуалниот капитал. Освен тоа, бизнисот сѐ уште не започнал поактивно да го поддржува развојот на иновациите, “сопкајќи се од неекономски фактори“, додаде Чубајс.
Според неговите зборови, станува збор, пред сѐ, за корупцијата и недостатоците во судскиот систем во Русија.
„Во неекономската сфера задачите се далеку посложени, отколку во самата економија. За да се реши задачата за подобрување на економската клима, треба да се реши проблемот за подобрување на неекономската клима“, подвлече Чубајс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче