Во Црното и Средоземното море почнаа големите маневри на Воената морнарица на РФ

Во акваториите на Црното и Средоземното море почнаа морските воени вежби на флотите на Воената морнарица на Русија.

Во акваториите на Црното и Средоземното море почнаа морските воени вежби на флотите на Воената морнарица на Русија, најголеми во последните неколку децении. Овие маневри се одржуваат под раководство на Генералштабот на оружените сили на Руската Федерација.

Во борбената обука учествуваат воените бродови на Црноморската, Балтичката и Северната флота. Меѓу нив е и ракетниот крстосувач „Москва“, големиот противподморнички брод „Северомосрск“, бродовите „Саратов“, „Азов“, „Калининград“, „Александар Шабалин“, како и стратешката авијација и 4-та команда на Военото воздухопловство и Противвоздушната одбрана. Од воениот сектор е соопштено дека главната цел на овие маневри е „проверка на подготвеноста на органите на овената управа и групите на повеќе флоти за извршување на задачи во далечни морски области“.

Во текот на овие маневри, кои ќе траат до 29 јануари, руските морнари ќе изведат над 60 различни борбени вежби. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.