Русинот Едуард Николаев од групата на „КАМАЗ-мастер“, стана победник на ралито „Дакар“-2013 во категоријата на камиони. Второто и третото место во генералната класификација, исто така им припадна на учесници во групата „КАМАЗ-мастер“ - Ајрат Мардеев и Андреј Каргинов.
Ралито „Дакар“ донесе неочекувано позитивни резултати на руската група. Екипата на „КамАЗ-мастер“ го зазеде целиот подиум во конечната класификација во категоријата „камиони“. Во класата на лесни возила, третото место му припадна на Леонид Новицки.
За Николаев ова е прива победа во кариерата на „Дакар“, а за „КАМАЗ“ - 11-та.
„Дакар“-2013. Камиони. Резултати:
1. Едуард Николаев (КАМАЗ) - 39:41.43
2. Ајрат Мардеев (КАМАЗ) - 37.10
3. Андреј Каргинов (КАМАЗ) - 37.57
4. Жерар Де Рој (Ивеко) - 41.16
5. Мартин Коломи (Татра) - 1:01.47
6. Алеш Лопрајс (Татра) - 1:16.10
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче