Позната е течноста со која е испрскан главниот кореограф на „Бољшој“

Полициските службеници установија каква течност е истурена од непознат извршител врз лицето на главниот кореограф на „Бољшој“.

Полициските службеници установија каква течност е истурена од непознат извршител врз лицето на главниот кореограф на „Бољшој“, Сергеј Филин. Според експертите, тоа е сулфурна киселина.

Нападот на Филин се случи ноќта меѓу 17 и 18 јануари на улицата Троицки во Москва. Кога Филин излегувал од автомобилот, непознато лице го повикало по име, а кога Филин се завртел, му истурил киселина в лице. Филин со изгореници од трет степен е сместен во 36-та болница. Врз него е извршена операција на очите. Филин добро поминал на операцијата, немало компликации, и неговата состојба е стабилизирана.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, го нарече овој случај „страшна и непоимлива трагедија“. Нема никакво сомневање дека одговорните за нападот врз Сергеј Филин ги очекува најстрога казна. Во овој момент се води истрага и полицијата ги презема сите неопходни оперативно-истражни мерки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња