Постигнување на економската цел за раст на руската економија од минимум 5% годишно, е невозможно без успешни структурни реформи во редица стопански гранки. Според постојните услови - врвот што може да биде постигнат е 4%, смета поранешниот министер за финансии, Алексеј Кудрин.
Во средата, премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, настапувајќи на Гајдаровскиот форум, кажа дека основна задача на владата во периодот што следи е постигнување на цврст економски раст на ниво не пониско од 5%.
„Некои чекори кои се преземаат во последно време не ни дозволуваат да зборуваме дека таквиот тренд е возможен... Моменталниот потенцијал во рамките на факторите кои денеска постојат, ако не ги промениме суштествено, изнесува 4%“, рече Кудрин на новинарите во кулоарите на Гајдаровскиот форум.
Тој напомна дека според прогнозата на Министерството за економски развој, растот на руската економија во следните три години нема да изнесува 5%. „Има и попесимистички прогнози за раст од само 2%“, забележа Кудрин.
Според неговите зборови, средниот потенцијал за раст на руската економија изнесува 3,5% до 4%, и тоа во следните пет до седум години. „Можеби и повеќе, ако ништо не менуваме, но ако започнеме со реформите денеска, тој потенцијал во иднина ќе се зголеми“, забележа поранешниот министер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче