Националниот истражувачки Иркутски државен технички универзитет поднесе барање во Министерството за наука за учество во конкурсот за финансирање на првата во Русија фабрика за производство на оптички влакна, кои сега се користат за пренос на дигитална информација, соопшти за РИА Новости во петокот раководителот на одделот за иновациски технологии на универзитетот, Виктор Кондратјев.
Во овој момент најголеми произведувачи и извозници на оптички влакна на светскиот пазар се компании од САД, Јапонија, Јужна Кореја, Италија, Холандија и други. Во Русија засега не се произведуваат оптички влакна.
Светското производство на оптички влакна денеска изнесува 60 милиони километри годишно. Според прогнозите на научниците, во 2020 година во Русија ќе се произведуваат околу 2 милиона километри оптичко влакно.
Во соопштението на универзитетот се кажува дека за реализација на овој проект се планира користење кварц од Русија, а не увезен кварц од САД, Јапонија или Кина (гранулите кварц се основниот материјал за производство на оптички влакна).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче