Авганистанското министерство за борба со наркотици во саботата изјави дека Русија не му пружи доволно помош на Авганистан во борбата против производството на наркотици. Заменикот на министерот за борба со наркотици, Ибрахим Азхар, го даде овој коментар после изјавата на Федералната служба на Русија за контрола на обртот на наркотици, дека за 11 години, колку што НАТО е во Авганистан, производството на наркотици постојано се зголемува.
„Побарувачката на авганистанска дрога во Русија е неверојатно голем, но руските служи не прават многу за да го спречат ова“, изјави авганистанскиот чиновник.
Според податоците на заменикот министер, секоја година од Авганистан во странство одат 375 тони хероин, од кои 95 тони – во Русија.
Читајте понатаму: http://www.vedomosti.ru/politics/news/8169161/afganistan_obvinil_rossiyu_v_otsutstvii_pomoschi_v_borbe_s#ixzz2IYtqF7l5
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче