Задолжително медицинско осигурување за емигрантите во Русија

Министерството за труд воведува задолжителни медицински осигурувања за емигрантите.

Министерството за труд воведува задолжителни медицински осигурувања за емигрантите во системот за здравствено осигурување. Без медицинско осигурување, како и без решение за работа, нема да може да се работи на територијата на Руската Федерација, не само со договор, туку и времено.

Отсега па натаму, за склучувањето на работен договор ќе се бара и полиса за медицинско осигурување или соодветен договор за добивање на примарна и секундарна медицинска помош за странец. Цената на овие полиси за здравствено осигурување се различни - од 400 рубљи (околу 600 денари) за три месеца, до 5.000 рубљи (околу 7.700 денари) за една година.

Со воведување на новата норма за медицинска помош, регионалните буџети нема да трпат при лекувањето на емигрантите. Според оценка на московските власти, секоја година градот е принуден да лекува на своја сметка минимум 1,5 милиони емигранти.

Во 2012 година, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека поради давањето на медицински услуги на емигрантите на сметка на државата, буџетот на градот губи околу 5 милијарди рубљи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња