Испитувањата на двата сателита за комуникација, лансирани во јули 2012 година, ќе бидат завршени до почетокот на 2014 година, соопшти претседателот на компанијата-оператор, Дмитриј Баканов.
„За завршување на овие испитувања, во орбитата треба да се наоѓаат не помалку од шест апарати „Гонец-М“. За 2013 година е планирано лансирање на уште три вакви апарати, што ќе ни дозволи да ги завршиме испитувањата, и од 2014 да ги активираме сателитите за практична употреба“, рече Баканов.
Според неговите зборови, целосното функционирање на системот ќе почне веднаш штом биде формирана група од 12 вселенски апарати.
Компанијата „Спутниковая система ’Гонец’“, е оператор на многуфункционални системи на сателитска врска и пренос на податоци на било која точка од планетата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче