Кина засега е главен пазар за краткоимпулсни ласери, чија технологија е разработена од руски научници. Моментално овие видови ласери се произведуваат во наноцентарот „Техноспарк“ (во градот Троицк, Русија), соопшти за РИА Новости еден од сопствениците на компанијата Polar Laser, Павел Полинкин.
„Секако, основниот пазар за нашите апарати е Кина. Засега никој во светот не произведува нешто слично. Ние имаме гарантни писма од две кинески компании за купување на двесте апарати по 30 илјади долари“, изјави Полинкин.
Пикосекуднните ласери се применуваат за обработка на материјали и обележување на производи, како, на пример, „паметните телефони“, таблетите и микрокомпјутерите. Технологијата за обележување со пикосекудни ласери е разработена од руски научници-физичари во универзитетот во Аризона.
Овој ноу-хау на руските научници ќе дозволи да се обработуваат материјалите без никакви деформации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче