Колку ќе ја чини Русија „дружбата“ со Србија

Србија ќе добие од Русија кредит од 800 милиони долари и води преговори за уште 1 милијарда долари.

Србија ќе добие од Русија кредит од 800 милиони долари и води преговори за уште 1 милијарда долари, како и договори за намалување на цената на гасот; притоа, Белград изрази готовност да помогне околу „Јужен тек“.

„Цената на гасот за српскиот пазар е доста висока, земајќи ја предвид економската ситуација во државата и пријателските односи меѓу Русија и Србија, кажува српската министерка за енергетика Зорана Михајловиќ.

Претходно генералниот директор на српската гасна компанија „Србија Гас“, Душан Бајатовиќ, кажуваше дека во 2013 година државата смета на намалување на цената на гасот од 470 на 420 долари за 1000 кубни метри гас. Србија има основа за ова пазарење: низ територијата треба да минува дел од „Јужен тек“.

„Освен ова, наскоро србија ќе му даде статус на национален проект на „Јужен тек“: тоа е неопходно за да може „Јужен тек“ да биде признат како трансграничен проект во рамките на Европската Унија. Тоа ќе дозволи делумно да се изземе гасоводот од дејството на Третиот енергетски пакет. Во спротивен случај, „Гаспром“ ќе може да го пополни својот гасовод со само 50% од капацитетот на „Јужен тек“.

Читајте повеќе на:  http://www.vedomosti.ru/finance/news/8060211/skolko_stoit_druzhba#ixzz2IJblu75b

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња