Глобалното затоплување доведува до зголемување на количеството снег во Сибир

Глобалните промени во климата водат до зголемување на местата со снежна покривка во Северната полутопка и во Сибир.

Глобалните промени во климата водат до зголемување на местата со снежна покривка во Северната полутопка и во Сибир, изјави во четвртокот директорот на Институтот за географија при Руската академија на науки, Владимир Котлјаков, зборувајќи на Светскиот форум за снег.

„Се појавува парадокс - климата се затоплува, а на Земјата има сѐ повеќе снег. Ова се забележува во Сибир, каде снег има повеќе отколку пред една до две децении“, кажува Котлјаков.

Според зборовите на географот, тенденцијата за ширење на територијата на снеговите во Северната полутопка, научниците ја набљудуваат од 1960-те години, кога започнале сателитските набљудувања на распространувањето на снежната покривка.

„Сега сме во епоха на глобално затоплување, и во процесот на зголемување на температурата на воздухот, се зголемува и количеството на снегот кој паѓа. Ова сведочи за големата чувствителност на снежната покривка кон секакви измени во составот на атмосферата и нејзината циркулација, и ова треба да се има предвид при оценката на сите антропогени влијанија врз околната средина“, објасни научникот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.