Фабрика од Самара ќе продаде 50 ракетни мотори на САД

Завчера се одржа прес-конференцијата во претпријатието „Кузнецов“, каде се уточнија детали за договорот за испорака на 50 мотори до 2020 година.

Завчера се одржа прес-конференцијата во претпријатието „Кузнецов“, каде се уточнија детали за договорот за испорака на 50 мотори до 2020 година. Кажано е дека овој договор е склучен со американската корпорација „Orbital Sciences“, која произведува сателити и ракети-носители, како и со компанијата „Aerojet“, која е еден од најголемите произведувачи на ракетни мотори во САД.

Два модифицирани мотора НК-33 се користат за првиот степен на ракетата „Антарес“, која е создадена во САД. Оваа ракета ќе има функција да носи залихи и други материјали на Меѓународната вселенска станица. Првото лансирање на ракетата „Антарес“ е планирано за оваа година.

Моторот НК-33 е создаден за ракетата-носач  Н1, која требаше да однесе руски космонаути на Месечината, но во 1974 година работата околу тој проект беше прекината. Денеска НК-33 се користи за првиот степен на руската ракета-носител од лесна класа „Сојуз-2.1.в“, чие прво лансирање треба да се оствари оваа година.

Претпријатието „Кизнецов“ е водечки руски произведувач на секаков вид на мотори за авиони и за вселенската програма. Со моторите на ова претпријатие се опремувани вселенските бродови „Восток“, „Восход“, „Сојуз“ и автоматските транспортни вселенски апарати „Прогресс“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.