На 19 јануари е роден Валентин Александрович Серов (1865-1911) - познат руски сликар, класичар во светската уметност.
Прв учител на Серов бил Илја Репин. Во 1880 година имено Репин го препорачал Валентин Серов во Петербуршката Академија на уметноста.
За една од своите рани дела, „Девојката со праски“, каде била насликана ќерката на Мамонтов, Серов се здобил со премијата на Московското друштво на љубители на уметноста.
Портретите од зрелиот период на неговото творештво се одликуваат со изразност, лаконизам, потцртана острина на карактерот.
После револуцијата во 1905 година, кога уметникот станал очевидец на бруталното растурање на мирната демонстрација на работниците, тој нацртал голем број сатирични цртежи во кои тој го прикажувал апсолутизмот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче