Рускиот студентски сојуз предлага да се објават на Интернет научните трудови на чиновниците

Нов интересен предлог на руските студенти.

Рускиот студентски сојуз предлага да се објавуваат на Интернет научните трудови на рекотрите, чиновниците на високи позиции и на депутатите. Во глобалната мрежа треба да се објават дипломските работи, како и трудовите за здобивање со звање „магистер“ или „доктор на наука“.

Според мислењето на Сојузот, тоа е неопходно да се направи поради борба со плагијаторството.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.