Русите во Хрватска само со виза

До 1 јули русите имаат право да влегуваат во Хрватска со било која валидна шенгенска виза, соопштува Асоцијацијата на туристички оператори на Русија.

До 1 јули русите имаат право да влегуваат во Хрватска со било која валидна шенгенска виза, соопштува Асоцијацијата на туристички оператори на Русија. Според оценките на експертите, новото правило можеби ќе го спаси почетокот на сезоната во Хрватска: неопходноста да се добие национална виза ќе натера многу туристи повторно да ги разгледаат своите планови за одмор во друга земја.

Влезот во Хрватска со шенгенска виза се врши од 1 јануари оваа година. Сепак, до 31 март годинава дејствува и други правило: туристите можат да влегуваат во Хрватска само со оригинален ваучер од хотелот. Секако, во овој период тие олеснувања тешко дека некого ќе привлечат. „Во Хрватска се оди лете, затоа за Хрватска сега нема никаков интерес. Првите чартери летаат во таа земја кон крајот на мај, односно, почетокот на јуни. Главната сезона во Хрватска е некаде во јули и август“, кажува раководителот на компанијата „Руски Експрес“, Јулија Жадан.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња