Ракометната селекција на Русија ги заврши натпреварите од групата „Б“ во Севиља на второто место, веднаш зад првопласираната Данска. На третата позиција е Исланд, додека Македонија се избори за пласман во 1/8 финалето како четвртопласирана.
Според тоа за противник во осминафиналето Русија ќе ја има репрезентацијата на Бразил. Дуелот Русија – Бразил се игра на 20.01 од 20.45 минути во салата Принсипе Фелипе во Сарагоса, која има капацитет од 11.000 места.
Стручната јавност за фаворит во овој натпревар ја посочува руската селекција, пред се поради традицијата, квалитетот, искуството и поголемиот број силни натпревари што ги имаат европските екипи во однос на остатокот од светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче