Русија и Босна договорија безвизен режим

Либерализирање на визниот режим меѓу Русија и Босна и Херцеговина.

Новиот договор за условите на заемни патувања е донесен од босанско-херцеговинската страна, и според него се воведува заемен безвизен режим меѓу Русија и Босна и Херцеговина со дозвола за престој во времетраење од 30 дена од датумот на влез.

Досега влезот на граѓаните од едната држава во другата до 90 дена се одвиваше без визи, но со важечки оригинали од поканите кои се добиваат во согласност со националното законодавство.

За граѓаните на Босна и Херцеговина ова значеше дека треба да добијат оригинали од поканите кои се издаваат во Федералната служба за миграцијана Руската Федерација. Процедурата за нивното добивање и праќање по пошта одземаат доста време, што негативно се одразуваше на оперативноста на учесниците од двете страни кои учествувале во различни размени.

Оваа одлука може да ја видите на следнава врска:: http://xn--80aealotwbjpid2k.xn--p1ai/docs/22284/

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња