Русија го тргна Кипар од „црната листа“ на земји каде избегнува да инвестира

Русија го избриша Кипар од својата „црна листа“ на земји каде не е препорачливо да се инвестира, изјави министерот за финансии на Кипар во четвртокот.

Русија го избриша Кипар од својата „црна листа“ на земји каде не е препорачливо да се инвестира, изјави министерот за финансии на Кипар во четвртокот.

Кипар, една од 17-те земји каде се користи европската валута, во последно време беше обвинет за перење пари од страна на руските олигарси. Посебно силни беа обвинувањата од Германија, која стравува дека пакетот од 13 милијарди евра за спас на кипарската економија ќе падне во рацете на руски граѓани. Кипарските официјални лица ги негираат овие обвинувања.

Земјата има доволно пари за да ги исплаќа платите во јавниот сектор до март оваа година, и сака да направи договор со ММФ најбрзо што може. Властите во Кипар веќе најавија дека ќе ги намалат платите како дел од условите за да се добие спасоносниот пакет помош.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња