Лавров го нарече клевета обвинувањето дека властите на Сирија извршиле терористички акт во Алепо

Сергеј Лавров ја нарече клевета информацијата која дојде од американската компанија CNN.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, ја нарече клевета информацијата која дојде од американската компанија CNN, дека терористичкиот акт во универзитетот во Алепо на 15 јануари, кога загинаа повеќе од 80 луѓе, е дело на сириските власти.

„Поголема клевета не можам ни да слушнам. Особено од страна на таков почитуван телевизиски канал“, изјави Лавров.

Одговарајќи на прашањето за идејата за предавањето на т.н. престапи на режимот на Асад во меѓународниот кривичен суд, Лавров забележа дека во тоа прашање постојат „две логики“. „Ако толку многу сакаат некого да осудат, тоа е една логика. Ако главното е - прекин на насилството, тогаш треба да се сосредоточиме на тоа. Сѐ останато може да почека“, изјави министерот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.