76% од граѓаните на Русија го поддржуваат законот за забрана за посвојување деца од страна на граѓани на САД

Три четвртини од граѓани ја поддржуваат забраната за посвојување руски деца во САД.

Три четвртини од граѓани ја поддржуваат забраната за посвојување руски деца во САД. Тие сметаат дека „државата треба да ги воспитува своите деца“, а странските посвојувачи „ги малтретираат“, изјавија претставници од Серускиот центар за изучување на општественото мислење. Русите не ја знаат суштината и контекстот на донесување на „антимагнитскиот закон“, додаваат експертите.

Во декември Думата одговори на американскиот „закон Магнитски“, според кој се забранува посвојување на деца од страна на граѓаните на САД. Таа мерка, како што појаснија од Центарот за истражување на општественото мислење, ја поддржуваат 76% од граѓаните, а 24% не ја одобруваат. Поддржувачите кажуваат дека досега посвојувачите често ги малтретирале децата (18% од поддржувачите), и дека “државата треба сама да ги воспитува своите деца, децата треба да бидат во Русија“ (24% од поддржувачите). Противниците на овој закон најчесто изјавувале дека „на девата им е потребно семејство“ (20%), „државните прашања треба да се решаваат на друг начин, не манипулирајќи со децата“ (18%). Анкетата е извршена од 12 до 13 јануари и во неа учествува 1.600 луѓе во 46 региони на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.