За Водици во Русија ќе има 2.600 „мали јордани“

Подготовки во Русија за Водици.

Две и пол илјади спасувачи ќе се грижат за безбедноста на верниците овој викенд - за Водици. Исто така, на местата каде што ќе се фрлаат крстовите ќе бидат ангажирани 690 лица, како и 500 автомобили. Според раководството на Министерството за вонредни состојби, обезбедени се сите услови, иако се очекува во целата држава да се соблечат и да влезат во дупките во мразот околу 800.000 луѓе. 
Вчера овие податоци на новинарите им ги соопшти раководителот во одделот на Министерството за вонредни состојби на Русија, Николај Смирнов. Патем, одамна е подвлечено, дека поради професионализмот на спасувачите, медицинските екипи или благодарејќи на светоста на самиот празник - посериозни последици во Русија не се случиле на тој ден. Сепак, во МВС нема опуштање поради ова. Спасувачите пред да дозволат да се стапне на мразот, задолжително ја проверуваат неговата дебелина. Во Москва сега дебелината на мразот изнесува 30-35 сантиметри. Понатаму, за да нема никакви ризици на Водици со оние верници кои имаат проблеми со срцето или можна хипотермија на организмот - ќе бидат обезбедени стручни медицински екипи. 
Во Москва ќе бидат подготвени 55 „јордани“. На тие места ќе се постават 42 шатори со ќебиња и топол чај, а во Подмосковје ќе има 69 обредни места. Во цела Русија се очекува да има околу 2.600 места каде верниците ќе можат традиционално да го извршат светиот обред за Водици.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња