Оваа година Воено-воздушните сили на Русија довија нов подарок од Министерството за одбрана. Според податоците на „Известија“, од седиштето на ВВС кон крајот на декември била претставена новата ракета Х-38 од класата „воздух-земја“ со краток радиус на дејство. Ракетата е создадена за авионот од петтата генерација - Т-50.
Испитувањата на ракетата се одвивале во 2012 година под целосна тајност. Сега почнуваат сериските дотавки на првите примероци. Овие ракети први ќе ги добијат Су-34 и МиГ-29СМТ. Понатаму ќе бидат вооружени и Су-35С, како и модернизираниот Су-30 - соопштија за „Известија“ високи извори во ВВС.
Х-38 е дело на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“, чие седиште се наоѓа во Королјов во Подмосковје. Ракетата е руски продукт, кој почнал да се проектира уште во 90-те години.
Една од модификациите на Х-38 ќе биде способна да се ориентира во летот со помош на системот ГЛОНАСС. Сега веќе нема да има потреба од старите начини на наведување на ракетите, со помош на дим или со станици распоредени по теренот. Оваа ракета ќе се наведува директно од руските сателити кои го сочинуваат системот ГЛОНАСС:
Х-38 може да уништи оклопна техника во движење и стационарни цели на растојание од 3 до 40 километри. Масата на вооружувањето изнесува 250 килограми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче