Руските специјални единици ќе земат учество во вежби во Индонезија

Според зборовите на министерот за одбрана на Индонезија, Пурномо Јусгианторо, тие вежби со име „Над можностите на полицијата“, ќе се одржат во реонот на Сентул во западниот дел на главниот индонезиски остров Јава.

Сите држави-челнки на Асоцијацијата на држави од Југо-Источна Азија (АСЕАН) и осум нивни партнери, вклучувајќи ја и Русија, ќе ги испратат своите специјални сили за учество во претстојните вежби во септември годинава во Индонезија, соопштува кинеската национална информативна агенција Синхуа.

Според зборовите на министерот за одбрана на Индонезија, Пурномо Јусгианторо, тие вежби со име „Над можностите на полицијата“, ќе се одржат во реонот на Сентул во западниот дел на главниот индонезиски остров Јава. Во нив ќе земат учество специјалните единици на десет членки на АСЕАН, како и Русија, Австралија, Индија, Кина, Нов Зеланд, САД и Јапонија.

АСЕАН е формирана на 8 август 1967 година во Багкок. Во неа учествуваат Индонезија, Малеција, Сингапур, Тајланд, Филипините, Брунеите, Виетнам, Лаос,  Мјанмар и Камбоџа.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња